| четврток, 6 декември 2018 |

Полнетите пиперки биле најголемата слабост на принцезата Дајана!

Откако цели 11 години готвел за кралицата Елизабета, исклучителниот шеф Дарен Мекгрејди бил префрлен во палатата Кенсингтон каде почнал да работи за принцезата Дајана и кралското семејство, пишува порталот „Фешнел“.

Во ексклузивно интервју, тој открива што таа и малите принцови во тоа време сакале да јадат, кое било нејзиното омилено јадење и од што сѐ морала да се откаже за секогаш да ја има беспрекорната фигура по која беше позната.

Како што готвачот открива, нејзина слабост биле полнетите пиперки, лебот и пудиндот од путер, но тоа биле јадења што таа многу ретко ги консумирала, освен кога имале гости во палатата.

polnetite-piperki-bile-najgolemata-slabost-na-princezata-dajana-217193

Тој ќе каже дека принцезата била многу дисциплинирана и ретко се препуштала на таквите вкусни искушенија.

„Таа обожаваше полнети пиперки, но ги јадеше само кога ќе дојдеа гости. На пример, кога доаѓаше Клинт Иствуд, тој секогаш сакаше да јаде печено јагнешко, па целото семејство ќе му се придружеше. Најчесто, принцезата Дајана јадеше готвени компири со белка и пиперки и пилешко месо“, открива готвачот на кралското семејство.

За разлика од кралицата Елизабета, таа била многу приземна личност и сакала да поминува време во кујната со персоналот.

Тој се сеќава дека имало денови кога таа јадела житарици за доручек во кујната заедно со сите вработени или пак кога била сама во палатата, секогаш ручекот сакала да го јаде во кујна.

„Таа ме научи на многу работи. Кога таа ќе влезеше во просторијата, истата се исполнуваше со светлина. Нема друг начин да ја опишам. Таа имаше некоја магија во себе, секогаш кога и да работеше на некоја хуманитарна акција, профитот се зголемуваше десетици пати. Сѐ што ќе допреше, претвораше во злато. Таа е причината што сите средства од мојата нова книга ги донирав во хуманитарни цели“, се сеќава Мекгрејди.

Тој вели дека принцезата секогаш сакала да се храни здраво, во споредба со останатиот дел од кралското семејство.

„Се сеќавам, ќе се симнеше во кујната и ќе го изедеше целото суво грозје што јас го спремав за торта, додека разговараме за различни теми. Кралицата никогаш не го правеше тоа, да се симне во кујна само за да разговара со нас. Секогаш правевме јадења со ниска масленост за принцезата, додека останатите јадеа сосема нешто друго. Пред да загине, таа конечно беше своја, со поголема самодоверба, релаксирана и ги имаше заборавено сите проблеми со диетите што ги имаше претходно“, вели готвачот на принцезата Дајана.

Таа им дозволувала на нејзините момчиња многу често да јадат што сакаат, но никогаш да претеруваат.

„Тие јадеа и пица, моцарела, риба и сѐ останато што тогаш го јадеа децата на нивна возраст. Принцезата понекогаш се преправаше дека и таа го јаде она што го јадат тие, иако секогаш се придржуваше до нејзините строги диети“, вели кралскиот готвач.

Како што ќе кажат многумина, а и тој ќе потврди, принцезата Дајана долги години имала проблеми со јадењето и строгите диети. Долги години таа одбивала да јаде масна храна, јаглехидрати и сѐ останато што би можело да влијае на нејзината тежина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top