| четврток, 6 декември 2018 |

Димитриев: Владата ќе инвестира во модернизација на АРМ

Владата на Република Македонија започнува процес на огромно инвестирање во модернизација на Армијата на Република Македонија, истакна денеска претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите Емил Димитриев, при посетата на касарната „Илинден“.

emil-dimitriev-vlada-640x313

Димитриев рече дека Владата започнува со процес на инвестиции во опрема,техника, ремонт на хеликоптери,транспортери, оклопни возила…

emil-arm-6-640x378

emil-arm-2

-Тоа е согласно НАТО стандардите. По светската економска и европска должничка криза сега има економско заздравување и затоа се започнува нов циклус на инвестиции. АРМ ужива голема поддршка, истакна Димитриев и изрази благодарност за се’ што прави АРМ за државата, како на домашно тло во справување со мигрантската криза, така и меѓународно преку мисиите во кои учествува.

emil-arm-3-640x283

Претседателот на Владата се спроведување на изборите присуствуваше и на показна вежба на единици на Армијата на Република Македонија, а во рамките на посетата се поклони и положи цвеќе пред Споменикот на загинатите припадници на безбедносните сили.

emil-arm-7-640x320

Потоа, Димитриев оствари состанок со министерот за одбрана, Зоран Јолевски, со началникот на Генералштабот на АРМ, генерал – потполковник Методија Величковски и со претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ. Министерот Јолевски изјави дека покрај опремувањето, се започнува и со проектот „Евтини станови за армијата“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top