| четврток, 6 декември 2018 |

Тјери Анри ја започнува тренерската кариера во Арсенал

tjeri anri

Францускиот ас Тиери Анри, кој имаше прекрасни мигови како фудбалер во дресот на Арсенал, ќе се врати во овој англиски премиерлигаш во улога на тренер. Анри го мина курсот за добивање на А-лиценца на УЕФА и од следната сезона и официјално ќе стартува со својата тренерска кариера.

Како што информираат медиумите на Островот, Тиери Анри како за почеток ќе биде асистент во стручниот штаб на Арсенал во тимот до 18 години, каде главен тренер е Кваме Ампаду. Иако Тиери Анри е играчка легенда на Арсенал, а Кваме Ампаду има само два настапи за сениорскиот тим на „топчиите“ во својата фудбалска кариера, сепак, Французинот мора да се стекне со задолжителното тренерско искуство, а дури потоа да добие можност да биде еден од главните тренери во Академијата на клубот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top