| четврток, 6 декември 2018 |

Антонио Конте го носи Наинголан во Челси за 28 милиони фунти

Белгискиот интернационалец Раџа Наинголан, кој го носи дресот на Рома, е на чекор до преселба на „Стемфорд бриџ“. По желба на Антонио Конте, сѐ уште актуелниот италијански селектор кој од ова лето ќе го преземе тимот на Челси, Наинголан, доаѓа како засилување за средниот ред на англискиот премиерлигаш. Тој импресионираше со своите игри во дресот на „волчицата“ во Серија А, а Конте сака да го има на „Стемфорд бриџ“ како дел од реконструкцијата на тимот што ја најавил кога се согласил да биде нов менаџер на Челси.

Медиумите на Островот откриваат дека трансферот на Наинголан е веќе договорен, откако Белгиецот заедно со својот агент пред неколку дена беше виден во Лондон. Според информациите, Челси за Наинголан ќе плати 28 милиони фунти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top