Јувентус освои уште една шампионска титула, со што „постот“ на Наполи без освоен трофеј во Серија А ќе продолжи уште најмалку една година. Легендарниот Диего Армандо Марадона не ја пропушти можноста за кратка анализа на италијанскиот шампионат, во која вообичаено ги „пецна“ навивачите на најтрофејниот италијански клуб.
– Пред се, Јувентус ја заслужи титулата бидејќи имаше одлична низа резултати и не испушти ниту бод. Сепак, морам да кажам дека имаа и многу среќа бидејќи и во мое време знаеја да шутнат два пати во гол на натпревар, а да постигнат четири погодоци. Најголемата разлика всушност е на клупата, мислам на резервните фудбалери, Алегри имаше многу повеќе алтернативи во однос на Сари. Исто така, значајна разлика се и судиите. Не станува збор за плачење, само ја кажувам вистината која цела Италија и така веќе ја знае – истакна Марадона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.