| четврток, 6 декември 2018 |

Марјан Ристески: Потребен е излез од политичката агонија за да се реализираат неопходните проекти за граѓаните

Прилеп располага со развоен буџет насочен кон инвестиции, но потребно е да да се излезе од политичката агонија која ја зафати државата- вели градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески

На почеток на годината општина Прилеп го донесе буџетот за 2016 година. Со колку пари годинава располага Прилеп и што е приоритет?

Ристески: Во однос на предходните години, овогодишниот буџетот на локалната самоуправа  ќе овозможи динамика, особено во подготвувањето на новиот генералeн и  деталните урбанистички планови, кои веќе се подготвуваат, со цел да се инвестира во општината во наредниот период. Најголем приоритет годинава ќе имаат инвестициите во градот и отворање на нови работни места. Па во најголем дел буџетот е наменет  за создавање на услови за привлекување на инвестиции, пред се производни капацитети и реализација на индустриските зони.

kruzen solidnost

Но, дел од буџетот е наменет и за инфраструктурни проекти: изградба на улици, канализациска и водоводна мрежа, парковски површини, реконструкции во образовните установи, изградба на ново училиште, проширување на капацитетите во градинките, подобрување на осветлувањето во градот, уредување на централното градско подрачје, нови спомен обележја, реализирање на културни и спортски манифестации… Се се тоа планирани активности за што ќе се трошат општинските пари во текот на оваа 2016 година. Токму овој период е почеток на реалзирање на активностите иако, морам да признам сум сериозно загрижен поради полтичката и економската криза во државата, и бегалската криза во која е инволвираната и Македонија, кои се одразува,не само на земјава,туку и на целиот регион. А сите тие негативни последици од овие кризи ги чувствува и општина Прилеп, која не е изолирана единка …

Каков развој предвидува неодамна донесениот нов генерален урбанистички план за Прилеп, со тоа што се предвидени зоните за домување и изградба на стопански објекти?

Ристески: Не можете да го развивате градот, ако не е ставен во една рамка, во генерален урбанистички план. Ние како локална самоуправа, се обидовме и тој да има  инвеститциски карактеристики, да има развојна компонента. Во него се предвидени многу содржини кои ќе овозможат иден развој и на градот и на поединечни населени места. Пред се во него се предвидени многу индустриски зони, со цел да бидат понудени на домашни и странски инвеститори за отворање на нови производствени капацитети. Предвидени се плацеви за изградба на индивидуални куќи, посебно со оние проекти кои ги нуди државата ,како што  се „Купи куќа-купи стан“ и „Купи куќа за млади“, во типската населбата во изградба „Градина“. Меѓутоа, предвидуваме и други населби ,во други делови од градот, локации за колективно домување , за деловни и трговски објекти ,за нови градинки, болници, спортски објекти, парковски површини…се она што треба за иден развој на градот.

11111

Меѓутоа се работи и на деталните планови. Моментно се работи на  60 детални планови на територијата на Прилеп и  населните места, со што се овозможува урбанизирање на дел од населбите и населните места кои гравитираат во Општината. Со завршувањето , пак, на процесот на легализација , ќе може уште понепречено да се донесат голем број детални урбанистички планови , кој, пак, ќе овоможат подобра урбанизација и развој на поединечни населби од градот и на населените места, зашто некој од нив никогаш и немале урбанитички план ,немале можност за го планираат својот  развој.

Кога се очекува почеток на работа на компаниите во индустриските зони Прилеп 1 и 2?

Ристески: Индустриските зони ги почнавме од нула, беа празено земјиште. Моментално во индустриската зона „Прилеп 1“ се гради на  големо. Изградена е канализациската и водоводната мрежа , елекричната инсталација до зоната, а сега се градат улици и тротоари. Средства за оваа активност се од Светска банка.Тоа се 130 илјади евра, донација, или награда, доделена на Општина Прилеп заради успешен и навремено завршен проект , изградбата на влезот на градот од потегот кај Лукоил до раскрсницата кај Солидност. Ние со тие пари можевме да размислуваме да реализраме други проекти  во градот. Меѓутоа, како што кажав и на почетокот, одлучивме оваа година приорит да има равојот на индустриските зони, да се забрза нивната изградба и да се создадат услови на сите оние економски субјекти кои на јавно наддавање ги откупија локациите, за да почнат да ги градат своите индустриски објекти.

IMGL7236

Работиме и на други индустриски зони. Атрактивни на домашните компании од незагадувачката индустрија е и индустрискат зона „Прилеп 2“. За неа се донесоа урбанистичките планови, дел од плацевите се понудија на електронска аукција и наскоро ќе бидат потпишании договорите со купувачите кои во наредните девет месеци, според законскиот рок, ќе мора да приложат проект за градба.

Средствата кои ќе ги обезбедиме од  продажбата на овие локации и комуналиите,  како и дел средства од буџетот на Општина Прилеп, ќе бидат наменети за изградба на инфраструктура и во оваа зона .

IMG_5352

Ја започнавме и индустриската зона „Прилеп 3“,но таму се приватни локации и се надевам дека наскоро приватниците ќе изградат индустриски објекти, бидејќи деталниот план за ова индустриска зона, направен пред неколку години, беше по барање токум на сопствениците на тоа земјиште.

Бараме и нови локации за индустриски развој. „Прилеп 4“  е во градежен опфат и е градежно неизградено државно земјиште. Откако ќе биде изработен урбанистичкиот проект, земјиштето ќе биде урабанизирано, парцелизирано и ќе биде понудено на заинтересираните инвеститори.

IMG_5384

Што се однесува до  слободната економска  зона ТИРЗ „Алинци“, таму веќе се гради и се работи. Се градат двата големи индустриски капацитети на мултинационалните компании „Гентерм“ и „Акомпласт“, чија градба се надевам дека ќе заврши до септември и дека 100 нови работници ќе работата во „Акомпласт“. Зоната е голема и има можност да се проширува 80 до 120 ха, интересна е за инвеститорите бидејќи сега има изградена одлична инфраструктура, благодарение на владините инвестиции во оваа слободна економска зона.

IMG_5393

Се надевам дека моменталната политичка ситуација во земјава и оваа политичка криза ќе заврши со избори на 5-ти јуни, за да можат инвеститорите да дојдат и да градат нови капацитети.

Интензивно се гради во индустриските зони
Индустриската зона „Прилеп 1„(Металец) е намена за изградба на објекти за лесна и незагадувачка индустрија . Во неа понудени и продадени се 22 парцели ,од кои, некои од домашните компаниите имаат купено и по две локации ,за своите потребите . Моментно,  во оваа индустриска зона 7/8 компании веќе градат. .Во нив се очекува наскоро да се вработат нови 200/300 лица ,„иако, таа зона им капациете за околу 2.000 вработувања“-вели градоначалникот на Прилеп. Индустриската зона „Прилеп 2“ (Сточен пазар),е со 14 парцели, каде почната цена е 61 денар за метар квадратен.“Моментално на електронса аукција продадени се  5 локации .

Колку барања за легализција на дивоградби беа поднесени со мерката за легализација на дивоизградените објекти? Во колкав процент е завршена легализацијата?

Ристески: Ова е еден од најубавите закони што било која влада досега го има донесено во Македонија, бидејќи е исправена една голема дециниска неправда на голем број луѓе кои имале изградено куќи, направиле доградби и надградби, но не ги легализирале своите објекти. Во градот практично да не постоеше куќа која е легализирана. Само 5 проценти од објектите во Опшината беа легални. На територијата на Прилеп имаше повеќе од 15 илјади диво изградени објекти. Од разноразни причини градот не беше урбанизаиран и имаше нужна потреба да се донесе ваков закон, кој што произлезе по барање и на општините и ЗЕЛС.

DSC_2713Денес Прилеп е лидер во однос на поднесени и реализирани барања за легализација на диво изгадени објекти. Неделно доделуваме 60 до 80 нови решенија за легализирани објекти. Имаме легализирано 9.000 објекти, а поднесени беа над 15.360 барања . Со продолжување на рокот таа бројка е зголемена за 2000 барања за легализација.

Можеби сите и не се реални барања, бидејќи некаде и несоодствуваат објектите со деталниот урбанистички план. Меѓутоа, сигурно на крајот од процесот на легализација ќе дојдеме од 13- 14 илјади легализирани објекти, што е одлична завршена работа.

Воедно, во овој дел имавме помош и од УСАИД за легализирање на дивоградбите во ромската населба „Тризла“, заради лошата матријална положба на дел од Ромите.

Легализацијата се изврши и во населните места, но и кај стопански објекти кои со децении биле дивоградби.

Типската населба „Градина“ за сопствен кров над глава 
Во грижата за младата популација и обезбедување на сопствен дом во генералниот план, со детален план, пред неколку  години и е создаден населбата „Градина“ , која ќе преставува модерна типска населба, каде се предвидени градинка, училиште, спортски комплекс и друго. Типската населба во изградба „Градина“ има 424 парцели, наменети за изградба на индивидуални и колективни домувања , чија почетна цена е 61 ден за метар квадратен. Изградбата на целата инфраструктура ќе биде на локалната самоуправа и владата, бидејќи со промовирањето на владиниот проект „Купи куќа за млади“, општините добиваат парични субвенции за инфраструктурно уредување на населбите.

Кога ќе биде готов најголемиот инфрастркурен зафат – изградбата на пречистителната станица за отпадни води и санацијата на канализационата мрежа  во Прилеп?

Ристески: Граѓаните мора да сфатат колку е важен овој проект и колкав чекор направи оваа локална власт  и владата со ресорните министерства, Министерството за транспорт и врски, Министерството за живота средина ,Минисерството за финансии… Околу склучувањето на овој договор и искористувањето на овој гранд и средствата од 27 милиони евра  за проектот пречистителна станица заедно со изградба  на  канализациони системи.

kanalizacija pari

Во минатото граѓаните водоводот го граделе со самопридонес. Е, овој проект, оваа локална самоуправа и влада, го обезбеди да граѓаните на Прилеп не дадат ниту денар, а во меѓувреме да ја санираат канализациската мрежа. Не знам колку години со самопридонесе ќе требаше да се реализира ваков капитален проект кој ќе значи идно подобрување на квалитетот на живеење на Прилепчани и иден развој на градот. Тоа е бенефитот кои го добија граѓаните на Прилеп!

Во Европа не се почитуваат градови кои немаат третман на отпадните води и пречистителна станица. Тоа е основен атрибут и предуслов за еден европски град. Ние сме први во Македонија, обезбедивме грант, донација, 20 проценти од средствата од државниот буџет, на што сме благодарни, и го имплементиравме проектот заедно со ЈП ВиК – Прилеп, кое на директен начин е вклучено во реализација и користење на овој проект, понатаму.

precistitelna prilep

Со проектот сите отпадни води ќе бидат прифатени во пречистителната станица и опадната вода ќе се прочистува во чиста вода за наводнување. Тоа е најголемиот бенефит- заштита на животната средина.

Сега, за жал, имаме река која е најзагадена во Македонија затоа што канализацијата од градот се влева во неа. Со поставувањето на колекторите нема да се дозволи повеќе ниту еден литар отпадна вода да оди во градската река.

precistitelna

Првата фаза од овој проект е завршена. Втората фаза, изградбата на пречистителната станица, се работи со голем интензитет и ќе биде завршена до крајот на септември.

Пречистителната станица е базата каде ќе биде примена целокупната отпадна вода од Прилеп , од каде потоа ќе излегува чиста вода за наводување на пелагонискиот регион.

prilep cela

Истовремено и втората фаза ,пак, од изградбата и санацијата на канализациската мрежа веќе е почната. Тука мора да им се извинам на граѓаните бидејќи во одредени делови од градот сеуште немаме асфалтирани улици, меѓутоа сето тоа има причина, затоа што сега започнува изградбата на секундарната канализација, за што ќе требаше повторно да се прекопуваат улиците и повторно да асфалтираат. Комплетно ќе биде спроведена 70 км. канализација и сите ископани улици, ќе бидат асфалтирани.

Третирањето на отпадот, неговата организирана селекција, доведе до идејата за изградба и на фабрика за преработка на отпад. Колку е важна и потребна оваа фабирка и што тоа би значело за градот?

Ристески: И тука сме лидери на ниво на Македонија, во однос на третирањето и начинот на селектирање на отпадот. Прилеп неодама подели 3.000 корпи на домаќинствата за селектирање на органски и неоргански отпад. Први во Македонија спроведовме примарна селекција на отпад. Поставивме контејнери за пластика, за органски и неоргански отпад. Со тоа создадовме навика кај населението да го селектираат отпадот. Тоа поттикна во близина на депонијата да се гради хала во која ќе се селектира и рециклира отпадот. Таа фабрика не само што ќе обезбеди нови вработувања, туку ЈКП Комуналец, со продажба на отпадот, како суровина ќе има и одредена заработувачка.

Македонија се соочува со длабока политичка криза, закажани се предвемени парламентарни избори. Истовремено земјата е соочена и со бегалската криза. Каде го гледате решението на политичката криза, но и како двете кризи,политичката и бегалската, влијаат на работењето на локалата самоуправа на Прилеп?

Ристески: Сите ние сме дел од политичката и економска криза која ја зафати Македонија, вклучувајќи ја тука и бегалска криза. Доколку кризата се одолговлекува, таа ќе се рефлектира негативно врз сите предвидени и планиран проекти. Затоа политчката криза треба што побрзо да заврши, а тоа може да се направи само преку демократски избори, на кои ќе излезат граѓаните и ќе ја дадат довербата на тој на кого сметаат дека треба да му ја дадат, за да се продолжи со реализација на сите овие проекти, нови градинки, нови парковски површини, училишта, спортски објекти, и други кои се важни за граѓание, и да се носат нови инвестиции за да се отвораат нови работни места.

skejt park jpg

Треба да се бориме преку дијалгог и со проекти. Ако некој сака да направи подобро општесто од ова, подобар град од овој, треба да рече „ ќе направам повеќе со овие идеи“, а не да се уништува тоа што е направено.

zeleznicka prilep org

Политичката криза повлекува и економска криза што се рефлектира, пак, во креирањето и  реализирањето на голем број проекти, а сето тоа на штета на граѓаните. Бегалската криза е само надополнување на проблемите во Македонија, со секојдневни блокади и напади врз полицијата на јужната граница.

Затоа сметам, не само како градоначалник ,туку и како граѓанин на оваа заедница, дека најдобро би било на 5–ти јуни да се одржат парламентарните избори и да заврши оваа агонија која трае година и пол во Македонија.

Мора да сфатиме ние имаме само една држава. Немаме резервна татковина и затоа сите заедно треба да ја чуваме и да ја штитиме.

Велигденските празници нека ни донесат мир и соживот
Мир, благосостојба, среќа и успех да имаат моите сограѓани и сите граѓани на Р.Македонија. Да уживаат во овој најголем христијански празник, Христовото воскресение, Велигден, кога сите православни храмови ќе ја пренесат најрадосната вест „Хростос воскресе- Навистина воскресе“. Затоа, да се почитуваме и да си ја чуваме традицијата и верата, да го чуваме македонското, да го негуваме она што ни го оставиле нашите дедовци и прадедовци, да оставиме и ние убав аманет за идните генерации, да не паметат по нашите добри дела. Би му поскал на сите граѓани на Општина Прилеп да имаат убави Велигденски празници во кругот на нивните семејсва. Воедно, на овај голем христијански прзник, и оваа година, ќе го  одржиме и оној традиционални ручек, организиран од страна на МПЦ, со покана на Ромите од муслиманса вероисповед во просториите на црквата Св. Благовештени (Стара црква), со која како христијани ја покажуваме големината на Велигден, големината и желбата за соживотот кој постои со векови во Прилеп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top