| четврток, 6 декември 2018 |

Голем штрајк на германските аеродроми

Патниците да очекуваат доцнења и откажувања на летови на германските аеродроми во среда поради планираниот штрајк вклучувајќи ги и двата најголеми аеродроми во Франкфурт и Минхен.
Еден од најголемите германски синдикати ги повика своите членови вработени на аеродромите во Франкфурт, Минхен, Дизелдорф, Келн/ Бон, Диртмунд и Хановер да започнат штрајк в среда.
На штрајкот се очекува да се приклучат и членовите на противпожарните бригади, механичарите, шалтерските работници, воздушната контрола и другиот персонал на аеродромите а за во Франкфурт се планирани и големи демонстрации на неколку локации.
Синдикатот бара зголемување на платите во следната рунда на преговорите што се водат со работодавачите. Информацијата за штрајкот што пред време ја објавува синдикатот е со цел да се преупредат патниците да најдат друг начин на патување, велат претставници на организаторот на штрајкот што ќе го блокира германскиот авиотранспорт в среда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top