| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Не одиме на избори додека Македонија не се пласира на ЕП во фудбал

zaev fudbal
Лидерот на СДСМ Зоран Заев уште еднаш ги повтори цврстите позиции на партијата околу неизлегувањето на избори на 5-ти јуни. Според Заев, евро-интегративните процеси мора да се одвиваат непречено за СДСМ да им даде легитимитет на изборите. За него неевропска Македонија не е опција.
„Добро знаете дека ние се залагаме за европска Македонија. Европското првенство во фудбал започнува на 10-ти јуни а Македонија повторно не учествува. СДСМ нема да учествува на избори 5 дена пред Европско првенство на кое не учествува Македонија“, изјави Заев.
Според лидерот на СДСМ добар термин за избори се есенските месеци, откако ќе заврши европското првенство.
„Сметаме дека во септември или октомври ќе помине доволно време после европското и ќе заборавиме на фактот дека Македонија не е дел од семејството на европски фудбалски нации, а во тој период започнуваат и квалификациите за светското првенство во 2018-та година во Русија. Тоа е прав момент да се одржат избори и на граѓаните да им ја понудиме нашата програма а тоа е Македонија да не се движи према Русија, значи да не учествуваме во тие квалификации, туку да побараме од ФИФА Светското првенство да се одржи во Брисел или Вашингтон“, додава Заев.
„Ако ФИФА не одлучи да го промени местото на одржување на СП 2018, ние повторно нема да учествуваме на избори“, одлучен е лидерот на опозицијата.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top