| четврток, 6 декември 2018 |

Латас: Македонија не прифаќа доброволно самоубиство

latas

И она што повеќе пати ме прашале некои битни странски амбасадори овде, и сегашни и двајца поранешни, е зошто јавноста и гласачите се постојано против СДСМ.
И, како да им објаснам во време кое, обично, е ограничено кога се разговара со амбасадори. Како да објаснам дека СДСМ им сменил знаме, име на држава, им затворил фабрики, им загубил војна, ги оставил без работа, не им изградил ни болници ни улици, ни школи ни градинки, им украл две пензии, земјоделците две децении ги држел на леб и вода ама, затоа, полна им била устата на сите шефови на СДСМ со зборови како демократија, слобода, еднаквост, нивно пријателство со дипломатите, пофалби за приеми во Брисел и уште некои други белосветски метрополи.
Дека рејтингот на функционерите во СДСМ се мери кој има подобри врски со амбасадори и Сорос фондации, а не кој подобро стои кај сопствените граѓани.

Дали сега дипломатите разбираат зошто, и покрај толку вложен труд, напор, пари и дипломатска заштита акцијата за државен преврат на СДСМ и Заев не поминува, прашува Латас во колумната „Не“.

Дали разбираат зошто нивното СЈО нема поддршка во јавноста, се додека постои и служи за прогон на една политичка опција, а не за следење закон еднаков за сите. Дека тоа не е државен орган, туку комунистички преки суд за брза пресуда на однапред таргетирана, одбрана политичка и национална група која се спротивставува на федерализацијата на Македонија и укинување на македонската нација и држава.
Сега одеднаш на амбасадорите не им чинат Груевски и ВМРО. Одеднаш. Па тие, кои знаат се и ги имаат сите наши телефонски разговори, шест години му даваа поддршка за членство во НАТО и ЕУ, го наградуваат како лидер во регионот… и сега, одеднаш…
Затоа немаат влијание соросоидите кои протестираат уништувајќи јавен имот. И тие нивни флеки во боја не треба да се бришат, треба да стојат и да вознемируваат и да потсетуваат уште долго време. А кога контра нив ќе се собере народ, и тоа пет пати поброен, народот е навредуван, омаловажуван и исмеван. Сопствениот народ.
Велат, ВМРО ги собирал на јадица, им давале сендвич за да дојдат на нивните собири. Бедно. ОК, дечки. Тие што вас ве водат, од Сорос и Канвас, примаат по десет илјади евра за секој протест. Да, десет илјадарчиња по протест. Тоа се отприлика дваесет илјади сендвичи секој ден. А вие ни хартијата од тие сендвичите ја немате за себе.
Па ако е за сендвичите, каде е народот да дојде за вашите сендвичи, за десет илјади евра дневно има многу сендвичи, а и да остане за прослава у кафеана потоа.
Но, народ зад соросоидите, Канвас, федералистите и зад СДСМ – нема.
Вашиот народ вели – Не. Македонија не прифаќа доброволно самоубиство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top