Сопругот на заменик-претседателот на СДСМ Радмила Шекеринска, бизнисменот Божидар Јанковски исто како и опозицискиот лидер Зоран Заев за „Глобал“ и ексразузнавачот и првоосомничен во случајот „Пуч“ Зоран Верушевски, не поднеле барање за повлекување на амнестијата од шефот на државата Ѓорге Иванов.
Божидар Jанковски познат како Бобо Дајнерс во февруари заработи кривична пријава од МВР за даночно затајување и злоупотреба на службената положба и овластувањата. Според пријавата на полицијата , во периодот од 1 јануари 2009-та до 31 12 2013-та односно во периодот од 5 години, по основ на закуп на станови, Јанковски и неговата мајка во својство на физички лица закуподавци од една страна и повторно пријавениот од друга страна како одговорно лице во Дајнерс Клуб интернационал мак ДООЕЛ како закупец, склучил повеќе договори за закуп на станбен простор. Поедноставно кажано, Јанковски склучувал договори за закуп самиот со себе.
За тековната 2009та година од јануари до октомври исплаќана е кирија од 2100 евра за стан на улицата Васил Ѓоргов во Скопје. За стан во Охрид пак за месеците ноември и декември е исплатена кирија од 900 евра месечно. Синот како директор на Дајнерс според МВР исплаќал и пари кон мајка си. Од 1ви ноември 2009та до февруари 2013та авансно на 12 ноември 2009та се исплатени кирии во износ од речиси 90 000 евра за стан на булеварот Партизански одреди во Скопје. Вкупно во 2009та се исплатени над 100 000 евра по основ на кирии.
Во 2010та гоидна исплаќана е кирија за станб на улица хаванска по цена од 2500 евра месечно од јули до ноеври а во месец декември закупнината скокнала на 2900 евра. За станот во Охрид Јанковски сам на себе си исплатил кирија од 27.000 евра. Во 2011та исплаќана е закупнина за станот на улица хаванска пои цена од 2900 евра месечно во месеците јануари и февруари. Од март до крајот на годината закупнината драстично се зголемила на дури 5300 евра емсечно. Во текот на оваа година директорот на Дајнерс сам на себе си исплатил 70.000 евра.
Во текот на 2012та за истиот стан исплаќана е закупнина по цена од 5300 евра месечно или на годишно ниво 50.000 евра од Бобо Дајнерс за Божидар Јанковски. Истата математика била направена и во 2013та кога повторно за станот на Хаванска биле исплаќани по 5.300 евра месечна кирија. Вкупно за периодот од 5 години од сметката на дајнерс на сметката на сопругот на радмила Шекеринска биле префрлени нешто под 20 милиони денари или над 300 000 евра.
Заев не побара да се поништи аболицијата за „Глобал“
Опозицискиот лидер Зоран Заев не побара да се поништи и аболицијата за „Глобал“ во случајот тежок 8 милиони евра. Зоран Заев проодлжува да молчи за барањето на ВМРО-ДПМНЕ да побара и поништување на аболицијата за „Глобал“ и да ги врати украдените 8 милиони евра. „Аболицијата дадена од претседателот Црвенковски нема да ја коментирам во јавноста. Tоа е негово уставно и законско право“ рече помилуваниот Заев во 2008 година кога благодарение на Црвенковски се спаси од затвор.
-Криминалецот Зоран Заев мора да побара писмено укинување и на срамната аболиција со која избега од одговорност во случајот „Глобал“, да ги врати 8-те милиони евра и да се соочи со заслужената казна, побараа од ВМРО-ДПМНЕ.
2008-ма година тогашниот претседател Бранко Црвенковски го ослободи градоначалникот на Струмица и сегашен актуелен лидер на СДСМ Зоран Заев за случајот „Глобал“ кој требаше да одговара за криминал тежок 8 милиони евра. Тогаш Заев не се противеше на одлуката на Црвенковски и аболицијата ја прослави во своето родно место низ солзи радосници.
Што се состои случајот „Глобал“?
Во 2008 година беше обелоденет случајот по што беше приведен Заев со неколку негови блиски соработници. Приведувањето беше по претходно поднесена кривична пријава од страна на Одделот за Организиран криминал до Јавно Обвинителство-Одделение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „помагање“ во врска со истото дело.
Злоупотребата ја извршиле така што прво спровеле јавен тендер за избор на соинвеститор за градење на Трговски деловен центар на локација на поранешниот градски пазар во Струмица, спротивно на Законот за јавни набавки.Тие не ги регулирале имотно правните односи на предметното земјиште, што е спротивно на Законот за градба и Законот за просторно и урбанистичко планирање. Земјиштето на кое е изграден трговскиот центар е во сопственост на Македонија, а корисници се повеќе правни и физички лица. Истовремено пак за земјиштето се во тек постапки за денационализација.
На осомничениот Крстев управител на “Де Лукс Инженеринг“ ДОО Струмица-соинвеститор на општина Струмица, му било овозможено да го добие тендерот за градење на објектот,и со тоа да се стекне со имотна корист од околу 8 милиони евра. Оваа вредност е неколку пати помала од користа, која би се добила кога деловниот објект со површина од околу 38.162 метри квадратни, во целост би се продал по празарна вредност.
На 1 февруари 2006 година, првопријавениот Заев донел предлог одлука за Реконструкција и надградба на Градско пазараште во Струмица, по што на 07февруари следната година, до Бирото за Јавни набавки бил доставен План за јавни набавки на општина Струмица за 2006 година и Дополнение на Планот за јавни набавки. Во документите свесно не било наведена планираната јавна набавка за Реконструкција и надградба на Градско пазараште во Струмица, затоа што согласно Законот за јавни набавки, Бирото за јавни набавки проверува дали доставениот план за јавни набавки е во согласност со законот, го следи и анализира спроведувањето на законите и другите прописи за јавни набавки. Советот на општината донел одлука за реконструкција и надградба на пазарот.
Верушевски и Костовски за „Пуч“ не поднеле барање за прекин на аболицијата
Ниту првоосомничениот во случајот „Пуч“ Зоран Верушевски, ниту неговиот агент Звонко Костовски не поднеле барање до претседателот Ѓорге Иванов за прекин на аболицијата. Верушевски е осомничен дека заедно со неколкумина од УБК обезбедувале прислушувани материјали кои завршувале кај странски служби и кај Заев.
За еден од обвинетите Звонко Костовски, процесот заврши со спогодба – тој ја призна вината и се согласил на тригодишна затворска казна но беше ослободен веднаш по аболицијата на претседателот Иванов.
Звонко Костовски кој на 25-ти февруари минатата година доби затворска казна од 3 години за незаконско прислушување и шпионажа признал на кој начин соработувал со странските служби, како Верушевски ги координирал осомничените, кој бил мета на незаконско следење по налог на поранешниот разузнавач.
Во пресудата која медиумите ја добија користејќи го правото на слободен пристап до информации стои дека дека делата на вработениот во МВР кој беше осуден започнале во 2010.
Преку вториот вработен во МВР тој стапил во контакт со Зоран Верушевски и по негов налог ги злоупотребил техничките капацитети на МВР внесувајќи телефонски броеви на повеќе политичари и други јавни личности. Од пресудата може да се видат иницијалите на дел од прислушуваните . Меѓу нив може да се препознаат првите букви од имињата на премиерот Груевски, министерката Јаснкулоска, шефот на УБК Мијалков, како и други иницијали кои се индикативни како БЦ на Бранко Црвемнкосвки и РШ на Радмила Шекеринска.
Потоа снимените разговори осудениот му ги давал на колегата од МВР кој пак му ги предавал на верушевски. Крајната дестинација биле странските тајни служби.
– Прибавените содржини од следените комуникации обвинетиот З. ги предавал на обвинетиот Ѓ.Л. кој му ги предавал на обвинетиот З.В., ,со намера да тој ги соопшти и предаде на странска држава, организација и лице кое им служи, со што обвинетите Ѓ.Л. и З. К. ,на обвинетиот З.В., за паричен надоместок му ставиле средства за располагање за извршување на кривичното дело, и со тоа со умисла му помогналe на обвинетиот З.В., во извршување на кривичното дело Шпионажа од чл.316 од КЗ., стои во судската пресуда.
Костовски доби 3 години затвор преку спогодба со јавното обвинбителство која потоа била верификувана од судија на претходна постапка во скопскиот кривичен суд.
Медиумите тогаш пишуваа дела со ова се докажува тврдењето дека зад прислушувањето стои странска држава која ги ангажирала осомничените предводени од верушевски. За соработката на екс разузнавачот со лидерот на СДСМ пак во јавноста протече писмо во кое се договоараат деталите за така наречениот ПУЧ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.