Ајнтрахт Франкфурт го совлада Мајнц со 2-1 во последниот натпревар вечерва во рамки од 31. коло во германската Бундеслига.
Мајнц со овој пораз направи чекор назад во трката за Лига на Шампиони, бидејќи остана на шестата позиција со 45 бодови, три помалку од петтиот Менхенгладбах и четири помалку од четвртата Херта.
Од друга страна, пак, Ајнтрахт забележа важна победа во жешстоката борба за опстанок, но и понатаму е претпоследен со 30 бодови, три помалку од Штудгарт кој се наоѓа над линијата.
И на првиот денешен дуел победа забележаа домаќините. Борусија Менхенгладбах го совлада Хофенхајм со 3-1.
Табела:
1. Баерн 81 бод
2. Борусија Дортмунд 74
3. Баер Леверкузен 54
4. Херта 49
5. Борусија Менхенгладбах 48
6. Мајнц 45
7. Шалке 45…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Комплетирано петтото коло во Бундеслигата: Шалке повторно очаен, Келн и Лајпциг ги поделија бодовите
-
Баварците убедливи на „Алијанц арена“, Мајнц со пресврт го порази Вердер (видео)
-
Борко Ристовски е првиот Македонец со титула во Бундеслигата
-
Ајнтрахт останува во Бундеслигата, Нирнберг во аут (видео)