| четврток, 6 декември 2018 |

Ајнтрахт останува во Бундеслигата, Нирнберг во аут (видео)

 

nurnberg-eintracht-seferovic-230516

Екипата на Ајнтрахт Франкфурт обезбеди опстанок во германската Бундеслига, после минималната победа на гостувањето во Нирнберг.

Во сенка на шокантните вести дека на капитенот на Ајнтрахт, Марк Рус му е откриен тумор, одигран е двомеч баражот за пласман во Бундеслигата измеѓу Ајнтрахт и Нирнберг.

За потсетување, Рус и покрај болеста, настапи на првиот натпревар, кој заврши 1-1. Вечерва се одигра реванш мечот во Нирнберг, каде Ајнтрахт без капитенот во составот, славеше минимално со голот на српскиот интернационалец Харис Сеферовиќ во 66. минута, по одличната асистенција на Гачиновиќ.

До крајот на натпреварот гостинската екипа без поголеми проблеми ја сочува минималната предност и со конечни 2-1 се избори за уште една сезона во најсилната германска лига.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top