| четврток, 6 декември 2018 |

Борко Ристовски е првиот Македонец со титула во Бундеслигата

borko ristovski

Рајн-Некар и официјално стана шампион на Германија, а со него и македонскиот голман Борко Ристовски. Предноста на табелата „лавовите“ ја потврдија во денешното последно коло во Бундеслигата, совладувајќи го Либек на гости со 25-23.

Со тоа дојде до 56 бода на табелата, зачувувајќи ја предноста од еден бод во однос на Фленсбург кој денеска исто така победи и тоа против Бергишер на Ацо Јоноски, со 41-27 (21-16).

Иако дојде во новиот германски шампион на полусезоната, Ристовски остави свој белег, пред сѐ во натпреварите во Лигата на шампионите, сепак овој медал од Бундеслигата е и негов. За да има симболично учество во мечот за пехарот, застана на голот и денеска, како замена за Микел Апелгрен во завршните десетина минути, сепак не успеа да запише ниедна интервенција.

Интересно е тоа што еден Македонец си заминува од Рајн-Некар како шампион, а втор ќе дојде од следната сезона за да ја брани титулата која е прва во клупската историја на Левен. Тоа е Дејан Манасков кој неодамна го потврди преминот од Вардар во тимот од Манхајм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top