Баерн Минхен го задржа стопроцентнот ефект во Бундес-лигата откако вечерва одигра шампионски, па рутински славеше над Херта со 3-0. Избраниците на Анчелоти доминираа од самиот почеток, па до заслужено водство стигнаа со погодокот на Франк Рибери. Вториот гол го постигна Тијаго Алкантара по една украдена топка на дваесетина метри од противничкиот гол, а конечните 3-0 ги постави Арјен Робен, кој со погодок го круниса својот камбек на терените.
Лајпциг е тимот што е најпријатно изненадување на стартот од новата сезона откако новиот прволигаш и по четири кола е без пораз. Фудбалерите на Лајпциг вечерва ремизираа 1-1 на домашен терен против Борусија Менхенгладбах, долго време водејќи пред Џонсон во 84. минута да спаси бод за гостите од Менхенгладбах.
Во огромна криза се наоѓа тимот на Шалке, кој вечерва го постигна првиот гол сезонава преку Хунтелар, за водство од 1-0 против Келн, но составот од Гелзенкирхен уште еднаш ги разочара своите навивачи губејќи на домашен терен со 1-3.
Тимот на Мајнц продолжи со добрата серија резултати, а вечерва во последните минути од натпреварот успеаја со два брзи гола да ја анулираат негативата од еден погодок и да му ги земат трите бода на тимот на Вердер Бремен кој водеше уште од првиот дел на мечот.
Резултати Германија:
Баерн М. – Херта 3-0, Вердер – Мајнц 1-2, Баер Л. – Аугсбург 0-0, Лајпциг – Борусија М. 1-1, Шалке – Келн 1-3.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)