Ракометарите на Веспрем имаат причини за радост по завршувањето на дуелот со Вардар, свесни дека голем дел од работата за пласман на фајнал-форот во Келн ја завршија денес во „Јане Сандански“. Шпанскиот тренер на Веспрем, Хави Сабате, двапати по ред го победува својот сонародник од Вардар, но вели дека Вардар е премногу опасен за три разлика да му бидат доволни.
„Пред се честитки до Вардар за одличен натпревар и до навивачите кои покажаа како треба сите да го бодрат својот тим. Секогаш е тешко да се игра во оваа сала, но моите играчи покажаа дека знаат како да се снајдат и да стигнат до позитивен резултат. Вардар напредува се повеќе од сезона во сезона, но ние игравме одлична одбрана, знаевме каде се опасни и успеавме да ги неутрализираме. Презадоволни сме, бидејќи се враќаме дома со предност од три гола. Имаме позитива, но знаеме дека нема да ни биде лесно на реваншот бидејќи Вардар е силен тим што ќе знае да казни доколку се опуштиме“ – изјави Хави Сабате.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.