| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел и Туск отворија центар за деца во бегалски камп во Турција на границата со Сирија

merkel sirijki turcijaГерманската канцеларка Ангела Меркел посети денеска бегалски камп во Турција на границата со Сирија и отвори центар за заштита на децата, кој го финансира Европската унија, а во таа прилика доби подароци и бакнежи од најмладите бегалци од Сирија.

Канцеларката Меркел допатува денеска попладне со претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск и потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс во градот Газиантеп, во обид да дадат поттик за примената на спогодбата меѓу ЕУ и Анкара за решавање на бегалската криза, а на аеродромот ги пречека турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

siriski deca ogradaДелегацијата, под силни мерки за безбедност и со снајперисти на покривот на автобусот, замина во околниот бегалски камп во Низип, каде се наоѓаат околу пет илјади бегалци, меѓу кои 1.900 деца.

Над влезот во кампот ги дочека голем транспарент со напис: „Добродојдовте во Турција, најголемото засолниште на бегалците“.

Меркел, Туск и Тимерманс пресекоа црвена лента и со тоа свечено го отворија детскиот центар, кој го финансира ЕУ и е поддржан од УНХЦР, а во церемонијата им се приклучи и Давутоглу со сопругата.

merkel sirijcinjaЕвропските лидери по посетата на бегалците ќе се повлече на разговори и на крајот ќе имаат заедничка прес-конференција со турскиот премиер Давутоглу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top