| четврток, 6 декември 2018 |

Новак Ѓоковиќ се загуби во Берлин, тренираше на друг терен

novak djokovic

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ имал интересно патешествие низ германската престолнина каде остана откако во понеделникот ја доби наградата „Лауреус”.

За да ја задржи формата, Србинот тренирал таму, со помош на Борис Бекер, но не успеал добро да се снајде во градот каде не престојува често.

– Успеав да ги помешам двата најголеми тениски клуба во Берлин, па не се појавив на теренот што ми го резервира Борис. Направив грешка, но потоа тренирав на двата терена. Прво на стадионот “Штефи Граф”, а потоа во Блау Вајс. На двете места ме погодија со љубезноста, а на крајот ме одведоа дома – напиша Ѓоковиќ на социјалните мрежи.

Следен турнир на кој ќе настапи Србинот е Мастерсот во Мадрид каде ќе игра првпат по три години, а кој почнува на 2 мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top