| четврток, 6 декември 2018 |

„Хафингтон пост“: Западот под итно да го реши проблемот меѓу Македонија и Грција ако сака стабилност

За да успее успешно да ја менаџира кризата со бегалци, Западот мора да ги одржи државите на Јужен Балкан во стабилност, сигурност и кооперациј, пишува високиот претставник на Атлансткиот совет, Ален Коен за Хафингтон пост. За несреќа, односите помеѓу соседните земји, како на пример Македонија и Грција не се во најдобро светло, пишува Коен.

hafington

Планинскиот балкански полуостров игра клучна улога, како природна бариера од една страна но и со помош на човечките ресурси, помагајќи да се запре регрутацијата на Исламска држава која ја врши таму.
Бегалците се надеваат дека ќе стигнат во Европа преку Турција до грчките острови, а потоа ќе им биде дозволено да продолжат понатаму, за да стигнат до Германија или Австрија. Во друг случај тие враќаат назад во камповите во Турција.

-Додека Грција е членка на НАТО и ЕУ, таа добива многу ниски оценки под однос на спарувањето со бегалскиот бран. Наместо да се процесираат барателите на азил, како што налагаат законите, Атина им ги носи на граница на Македонија, со што за малата држава станува речиси невозможно да се справи со нив. Сепак, Македонија успеа да процесира повеќе од 750.000 бегалци минатата година. Тоа е еквивалентно на пример истото да го направи САД кога на граница би имала 100 милиони бегалци, објаснува тој во својот текст. Западот, особено САД и ЕУ не смеат да чекаат да дојде до точка на продлабочување на ова криза и истата да прерасне во „црн лебед“ или „црна дупка“. Македонско-грчката ситуација бара внимание и брзо решавање, пишува Коен но додава дека тоа не е единствениот проблем.

-Соседните држави покажуваат измешани емоции по однос на случувањата во Македонија. Дел од нив се плашат од хаосот внатре во државата ( во својот текст тој објаснува како лидерот на опозицијата Зоран Заев, потпомогнат од странски НВО сака да спроведе обоена револуција, правејќи паралела со случувањата во Либија и Сирија.), додека пак други од неконтролираниот наплив на бегалци. Останатите како на премер Грција, кога Атина се радува додека го минира акциониот план на Македонија за членство во НАТО во 2008 година. Таа се однесува антагонистичко кон Македонија, по однос на името на државата, пишува тој.

САД и останатите европски држави, го следат ова долго време и знаат дека демократијата е споро-растечки процес. Треба време за да се имплементираат реформи, нетрпението е лошо, поразувачко и опасно и ќе се одрази врз Македонија, која има проблеми дома, но и на граница. Вашингтон и Брисел мора да ја натераат Грција да се однесува како што треба и да се одржат закажаните избори на 5 јуни. Западот не смее да дозволи повеќе ниту една црна дупка, особено не на Балканот, заклучува Коен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top