| четврток, 6 декември 2018 |

УЧК удри спомен обележјето на АСНОМ, горд ли е Заев?

Протестот организиран од страна на партиите Движење за реформи во ДПА и Организацијата на воени ветерани на УЧК во неколку работи наликува на протестите кои ги поттикнува и поддржува Зоран Заев.

asnom-uck

Ветераните на УЧК исто како и поддржувачите на Заев платени од СОРОС, сквернават споменици кои ја симболизираат вековната македонска историја. Албанците кои излегоа денес на улица, исто како и активистите на СДСМ го “нападнаа“ спомен обележјето на АСНОМ во центарот на градот.

Во рацете на големите Методија Андонов-Ченто, Михајло Апостолски, Киро Глигоров, Кирил Петрушев, Емануел Чучков, Панко Брашнаров и другите великани на македонската историја се поставени албански знамиња. Врз споменот на овие Македонци, протестантите поставуваат пароли за “hot line“!

unisten-spomenik-asnom

На собирот се испраќаат повици за Илирида. Но, се бара и одложување на изборите што всушност е барање на Зоран Заев.

uck-asnom

Протестантите зборуваат исклучиво на албански јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top