| четврток, 6 декември 2018 |

„Викторија сикрет“ престанува со продажба на костими за капење

thumb

Светскиот гигант во модната индустрија за производство на долна облека „Викторија сикрет“, по 2016 година ќе престане со продажба на костими за капење.

Оваа вест доаѓа од претставници на „Ситигруп“, како и од две лица, добро запознаени со работата на компанијата.

Според „Ситигруп“, место на костимите за капење, компанијата ќе се посвети на претставување на „ВС спорт“ – спортската линија на „Викторија сикрет“.

vs-sport-press-event-2014-miami-doutzen-knockout-front-close-bras-tight-2-victorias-secret-hi-res

VS-option-2

Податоците на аналитичарите во мај минатата година, посочија дека категоријата костими за капење има потенцијал да се претвори во бизнис за една милијарда долари. Оваа компонента е еквивалентна на 500.000.000 долари од бизнисот на гигантот, според соопштението на фирмата-мајка „L Brands“, направено во почетокот на минатата година. А тоа претставува 6,5 проценти од продажбата.

Во август минатата година компанијата оствари пониски продажба на костими за капење, што најверојатно се должи на нивниот премногу сложен дизајн. Марката продава различни горни и долни делови на костими за капење, кои корисниците треба сами да си ги комбинираат.

81409_andjeli-profimedia0214978530_630x0

Веста доаѓа откако „L Brands“, која претходно месецов објави дека од портфолиото на производи на „Викторија Сикрет“ ќе бидат отстранети одредени производи.

Поширокиот план за реструктуирање на компанијата вклучува и намалувањето на околу 200 вработени. Со програмата за реструктуирање „Викторија Сикрет“ ќе бидат поделени во три дивизии: Victoria’s Secret Lingerie, Victoria’s Secret Beauty и PINK.

– Ги правиме овие промени, за да се забрза нашиот раст и за зајакнување на бизнисот на долг рок, како стеснување на фокусот и поедноставување на нашиот модел на работа, рече извршниот директор на компанијата Лес Векснер во соопштението на оваа тема.

  • Сигурен сум дека овие промени се потребни, за да се достигне значителниот потенцијал на нашите марки.

Крајот на костимите за капење на „Викторија Сикрет“ доаѓа во турбулентни времиња за компанијата. Долгогодишниот извршен директор на компанијата Шарен Џестер ненадејно ја напушти функцијата во февруари.

Покрај тоа, успехот на некои стратегии на „Викторија Сикрет“ се ставаат под знак прашалник од специјалистите, бидејќи се забележува појава на стандарди за убавина, кои се разликуваат од традиционалните маркетинг кампањи на брендот.

Сепак „Викторија Сикрет“ уште е најуспешна компанија за долна облека во светот, која држи 61.8% од пазарот, според IBIS World. Продажба за март е зголемена за 2%, покажуваат последните податоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top