| четврток, 6 декември 2018 |

Ѕвезда на шоуто: Ирина Шајк бремена продефилира за Викторија сикрет

Ирина Шејк ги изненади сите, кога се појави бремена на модната ревија на „Викторија Сикрет“ Убавиот руски топмодел очигледно очекува дете од партнерот Бредли Купер, кое ќе е прво и за двајцата.
583f6646a3d6d_positmage_shaykvs
Ирина се обиде да го прикрие стомакот, но будните фотографи успеаја да ѝ ја уловат тајната. Всушност модната ревија на топ брендот за долна облека, која се одржа вчера во Париз, беше деби за 30-годишната Шејк. Според претпоставките, запрепастувачката бринета е во вториот триместар од бременоста.
irina-shayk-pregnant-victoria-secret-fashion-show
Според сајтот E! News таа е исклучително возбудена од фактот дека ќе станува мајка. Веројатно и Бредли се возбудува дека ќе станува татко, бидејќи многу пати истакнуваше во интервјуа, дека веќе е подготвен за овој чекор во животот. Ирина и Бредли се заедно година и половина, а живеат главно во Њујорк. Засега двајцата не ја коментираа среќната вест, но се очекува да ја прогласат официјално веста наскоро.
irina-shayk-5c23cc33-8a87-4132-bd6b-8fc174922d66

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top