Изградбата на хотелско-туристички комплекс во Љубаништа на индискиот бизнисмен Субрата Рој ќе се реализира, вели Никола Бакрачески, новиот градоначалник на Охрид.
Бакрачески информира дека има редовни средби со претставници на индиската компанија „Сахаријан Македонија“ на кои се разговара за проектот, од што се гледа дека нивните намери се сериозни, а тие како локална самоуправа треба да ги реализираат предусловите за да почне да се реализира овој комплекс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.