| четврток, 6 декември 2018 |

Нема решение на кризата – има меѓународна изолација!

Лидерската средба во Виена е одложена откако Зоран Заев избега од преговори за решение на политичката криза, со што реално сега на Македонија ѝ се заканува меѓународна изолација. Професијата аболиран криминалец не донела ништо добро за народот, па така Заев, наместо напред – ја врати Македонија 25 години назад, во времето кога земјата се бореше меѓународно да бидат признаени нејзината независност, суверенитетот и интегритетот. Таман стигнавме до вратата на ЕУ, СДСМ успеа да наметне состојба на протекторат, само за да добие власт без избори. Нема решение на кризата – има меѓународна изолација!

han-640x294

Лидерската средба која требаше да се одржи во австриската престолнина се откажува.
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, заедно со тројцата европратеници Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгл, требаше да биде домаќин на четворицата македонски политички лидери Никола Груевски, Зоран Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети на новата рунда разговори за решавање на политичката криза во Република Македонија. Како што објавија медиумите, главна причина за откажување на лидерската средба е барањето на Зоран Заев за прекршување на Уставот и одложување на изборите, односно најновите уцени што ги испорача – за одложување на изборите и за повлекување на одлуката за аболиција.
Од канцеларијата на ЕУ-комесарот за проширување Јоханес Хан потврдија дека е откажан состанокот во Виена на кој требаше да се разговара за излез од македонската криза.

„Жалиме што планираната лидерска средба планирана во Виена на 22 април нема да може да се одржи”, стои во соопштението.

Портпаролката Маја Коцијанчич потврди дека средбата е одложена, но и дека тоа е последица од “прекршувањето на Договорот од Пржино”.

„Постојано велевме дека прекршувањето на Договорот од Пржино ќе има сериозни последици за земјата. Длабоко ќе жалиме доколку се случат некои ретроградни чекори во Скопје кои натамошно ќе ја оддалечат земјата од нејзините аспирации за влез во Европската унија”.

Од Европската унија за “Дојче веле” велат дека „остануваат на располагање” да им помогнат на партиите и сега и во иднина.

„Но, одговорноста да се обезбеди демократскиот напредок и да се направи исчекор на евро-атлантскиот пат сега останува на самите партии, од името на граѓаните на нивната сопствена земја. Тие мора да го исполнат своето”, вели Коцијанчич за ДВ.

Вчера утрото беше најавено дека во „куќата на ЕУ” во Виена веќе се подготвува салата за состанокот за решавање на македонската политичка криза и дека европските посредници ги очекуваат сите повикани да присуствуваат на лидерската средба која би се одржала и со отсуство на некој од нив.

Заев ја држи Македонија во заложништво

Заев пред два дена постави неуставни и нерационални услови само за да избега од средбата во Виена и да не дојде до решение на кризата. Заев претпочита меѓусебно закрвување на Македонците, наместо решение, коментира Вечер. Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски претходно рече дека барањата кои ги испорача Заев се грубо кршење на Уставот.

Секое свикување седница на веќе распуштено Собрание, би претставувало грубо кршење на Уставот на Република Македонија, наведува претседателот на Собранието Трајко Вељановски во реакција на вчерашната прес-конференција на лидерот на СДСМ Зоран Заев, на која меѓу другото беше побарано свикување пленарна седница на Собранието за одложување на распишаните избори за 5 јуни.

Вељаноски го цитира член 63, став 6 од Уставот во кој се наведува дека “Собранието се распушта ако за тоа се изјасни мнозинството од вкупниот број пратеници“ и потенцира дека во контекст на оваа уставна одредба пратениците од осмиот состав на македонскиот Парламент, таква одлука со значително мнозинство веќе донесоа, односно тие се распуштија. Тоа, вели Вељаноски, во суштина значи дека какво било свикување на седница на која би присуствувале пратеници кои самите веќе донеле одлука за свое распуштање е во целосна спротивност со Уставот како највисок правен акт во државата.

„Во оваа смисла, сакам да ѝ укажам на македонската јавност дека највисоката институција за оценка на уставноста – Уставниот суд уште пред една деценија има расправано и одлучувано во врска со споменатото прашање при што, крајно логично заклучува дека, цитирам: “Со Уставот не е утврдено мандатот на пратениците во Собранието да продолжи во случај на распуштање на Собранието, ниту е предвидено во таков случај тие да продолжат со должноста“. Врз основа на споменатото, повеќе од јасно е дека уставните норми што се однесуваат на почетокот, траењето и завршувањето на мандатот на пратениците се сосема јасни и недвосмислени, при што секое свикување седница на веќе распуштено Собрание, би претставувало грубо кршење на Уставот на Република Македонија“, наведува Вељаноски во реакцијата.

zakonik
Во однос на второто барање на Заев кое се однесува на аболицијата, толкувањето на Владо Камбовски во коментар на Кривичниот законик на Република Македонија е следно:

„Еднаш даденото помилување е неотповикливо и не може да се поништи со закон или со дополително решение, дури и тогаш кога низ подоцнежното однесување на помилуваниот не се потврдило како награда за неговото добро однесување во затворот“.

Познавачите на политичките прилики претходно потенцираа дека политичките договори не смеат да ја заменат уставноста.
Виена е обид да се спаси Пржинскиот договор, вели универзитетскиот професор Татјана Каракамишева.

Македонија почнува да создава паралелен политички систем, во кој едно е она што е уставно, а друго е она што политичките партии заедно со меѓународната заедница го турка како парауставно. Без разлика на обидите за институализирање на Пржинскиот договор, тие не беа докрај имплементирани. Политичките договори не смеат да ја заменат уставноста на државата и институциите, смета Каракамишева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top