Какви мрачни сценарија помати Иванов со одлуката за национално помирување?
Одлуката на претседателот на државата за општа аболиција минатата недела беше дочекана на нож од сите страни – и од јавноста и од политичките партии. Политичарите глумеа незадоволство и го искористија моментот за политичко профитирање, а граѓаните, поведени од емоциите, ја примија како крајно неприфатлива. Сепак, ако се направи анализа на случувањата што следуваа во периодот по неговата одлука и ако на сето тоа се додадат одредени информации со политички и со безбедносен контекст до кои дојде „Република“, може да се заклучи дека Иванов, всушност, се решил да донесе една ризична, но храбра одлука, сè со цел да помати одредени мрачни сценарија.
Ќе победи ли разумот или ќе се удавиме во сопствената крв?
Сите овие донкихотски „јунаци“, кои изминатите денови се пресметуваат со згради и со споменици, и напаѓаат полицајци во обид да се претстават пред светот и домашната јавност дека се борат за некаква правда, несвесно ја покажаа визијата на СДСМ за иднината на Македонија. И додека народот молчи, нивната агенда поминува. Но, не успее ли меѓународната заедница во најскоро време да го вразуми лиде- рот на опозицијата да прифати мирно решение за кризата, страшно е дури и да се прогнозира каков резултат ќе донесе улицата.
Целта на Заев е Македонецот да се тепа со Македонец
Гледаме дека дејствува со најцрни организации, не само со Сорос, туку и со „Канвас“ за што има докази. Тоа се гледа преку насилството, начините на дејствување, обидот за правење конфликт со полицијата, се обидува да направи судир, а би го направило најсреќен Македонецот да се степа со Македонец. Сега се засилил со УЧК… Очекуваме в петок повторно да дојдат и УЧК и „Канвас“ да ги урнисуваат спомениците, вели во интервјуто Александар Пандов, политички аналитичар.
Водилката наречена деструкција, македонските талибанци во акција
Удрија по Мајка Тереза, не го поштедија Самуил, сквернавењето на Александар Македонски никого не го изненади, а АСНОМ и деца та-бегалци беа само далеку од шлагот на тортата на недоветните. Партијата што целиот свој имот, седиште и многу други милиони ѝ ги должи на својата комунистичка историја, очигледно, полека но сигурно му се враќа на своето славно минато. Вистинска среќа е што немаме џиновски кипови на Буда. Во сонот на новокомпони раните комунисти, кои одамна го носат погрдното име „комуњари“, Катица Јанева е управник на новиот Голи Оток. Штета што ова е само филм, чијашто реализација не ја спречуваат парите на Сорос, туку граѓаните.
СДСМ ги збратими српските платеници и исламските радикали
Доколку медиумските извештаи за српски активисти кои ги водат протестите во Скопје се точни, а според графитите „Никад више ВМРО“ поточни не можат да бидат, Македонија има целосно право да ги прогласи за непосакувани сите тие што дошле во земјата за да бидат инволвирани во насилни протести.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



