Фернандо Торес беше стрелец на единствениот гол со кој Атлетико Мадрид синоќа оствари победа (0-1) на гости против Атлетик Билбао, задржувајќи го чекорот со Барселона во трката за шампионската титула во Примера. За Ел Нињо тоа е петти погодок на пет последователни мечеви за својот тим, со што покажува дека е во врвна форма, токму кога е најпотребно.
– Најважно е дека победивме и освоивме нови три бода. Победите се паметат повечќе од головите, иако ми е драго што успеав да ја продолжам серијата. Но, сега веднаш се фокусираме на следните предизвици, се ближи крајот на сезоната и секој меч е од извонредна важност – изјави Фернандо Торес.
Атлетико Мадрид в сабота ќе ја пречека Малага на домашен терен во Примера, а потоа следи и првиот полуфинален натпревар од ЛШ против Баерн Минхен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.