| четврток, 6 декември 2018 |

Фернандо Торес се враќа во Англија?

Шпанскиот напаѓач Фернандо Торес би можел во јануарскиот преоден рок да се врати во Англија. Се погласни се шпекулациите дека е можен трансфер во екипите на Њукасл или Саутемптон.

Доколку се реши да се пресели во Њукасл, тој повторно би работувал со менаџерот Рафа Бенитез, на чие инсистирање Торес дојде во Ливерпул во 2007 година.

Интерес за Торес пројави и тимот на Саутемптон каде тренер е Маурицио Пелергино, поранешниот асистент на Бенитез од времето кога Торес го носеше дресот на Ливерпул.

Торес (33) сезонава добива мала минутажа од Диего Симеоне, кој настапи на шест натпревари, додека на само два меча беше меѓу стартните единаесетмина. Минутажата на Торесе ќе биде уште помала, откако во зимскиот период право на настап за „јорганџиите“ ќе имаат Диего Коста и Витоло.

Доколу се реши да се врати во Англија, и да заигра за било која од овие две екипи, за поранешниот шпански репрезенттивец тоа ќе биде трет тим од Островото за кој настапил. Торес покрај четирите сезони во Ливерпул, го носеше и дресот на лондонски Челси од 2011 до 2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top