Роберт Левандовски ќе биде новото засилување на Баерн за следната сезона, а трансферот од Дортмунд во Минхен е одамна договорен, тврди Енрике Рејес, менаџер на сегашниот тренер на Баерн, Јуп Хејнкес.
– Тој трансфер е одамна договорен и Левандовски сигурно доаѓа во Баерн – изјави Рејес за шпанското радио „Кадена сер“.
Ако се точни најавите, тоа ќе биде втор голем удар од Баерн за лутиот ривал Борусија Дортмунд. Завчера беше објавено дека Марио Геце си заминува од Дортмунд и за сума од 37 милиони евра ќе го засили Баерн. И тој и Левандовски играа синоќа против Реал Мадрид во блескавата ноќ за Борусија, која го победи шпанскиот гигант со 4-1, во првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите. Левандовски ги даде сите 4 гола за победнилката екипа, а одлично одигра и Геце.
Претходно Баерн ја декласира Барселона со 4-0, што најавува германско финале во ЛШ, на 25 мај на „Вембли“ во Лондон. Би било супер интересно да се случи таква завршница, токму поради трансферот на Геце од Борусија во Баерн и најавата за сличен тек на настаните и со Левандовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хаос на трибините во Атина, Тадиќ го однесе Ајакс во осминафиналето (Видео)
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)