| четврток, 6 декември 2018 |

Во музеј изложена долна облека на Дејвид Бекам

david-beckham-h-m-2014

Долна облека, носена од британската супермоделка Кејт Мос, корсет, носен од танчарката Дита фон Тиз, боксерките на фудбалерот Дејвид Бекам, како и долна облека на мајката на кралицата Викторија.

Ова се само некои од експонатите изложени во „Квинсленд музеј и Викторија и Алберт музеј“ во Лондон.

1(2063)

Изложбата насловена „Соблечи се: кратка историја на долна облека“, ја истражува интимната врска меѓу долната облека и модата и нејзината улога во извајувањето на телото до модерен идеал, пишува на интернет-страницата на музејот.

Прогласена за најголемиот саем на долна облека, изложбата претставува над 200 експонати, кои ја претставуваат 350-годишната историја и развојот на долната облека.

2(2219)

Експонати се прикажани по тема и се поделени на делови, како на пример, мода, здравје, хигиена и други.

Меѓу експонатите има ретки парчиња, како долна облека носена од вработените жени во Англија во 18 век, корсети со железо од 16 век, како и модерни парчиња од дизајнери како „Версаче“, „Жан Пол Готје“ и „Вивиен Вествуд“.

4(1812)

Покрај од вообичаените памук и сатен, може да се види и долна облека изработена од хартија за време на тешките времиња на Првата светска војна, па дури и долна облека, изработено од месинг и стакло.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top