| четврток, 6 декември 2018 |

Најновиот луксузен локал во Дубаи (фото)

150281_1

Потреба од уште еден нов локал со пет ѕвездички во Дубаи конечно е задоволена, „Billionaire Mansion“ ги отвори своите врати. Од самото име можете да претпоставите колку е луксузен овој локал. Идејата за локалот е на италијанскиот претприемач и поранешен шеф на тимот на Формула 1, Флавио Бријаторе, а во него има пет различни локали, јапонски ресторан, италијански ресторан, салон за караоке, ноќен клуб и посебна тераса за љубителите на наргилето.

„Billionaire“ веќе има создадено име на места како Италија, Турција, Кенија и Монако, каде ги привлекуваат претставниците на најбогатите 1% во светот.

Еве што точно има во најновиот луксузен локал во Дубаи:

Јапонски ресторан „Sumosan“

1

Тоа е дубајското издание на создадениот во Москва јапонски ресторан „Sumosan“. Тој ќе биде менаџиран од Јанина Волков (која е ќерка на основачот на „Sumosan“). Ресторанот ќе работи од 7 часот до доцна во ноќта секој ден.

2

Италијански ресторан „Billionaire Grill“

 

3

Во овој ресторан се служат варијации на класична паста и рижото. Таму исто така ги сметаат неаполските пици како исклучително вкусни. Во ресторанот исто така ќе има музика во живо. Засега сеуште нема слики од ресторанот, но вака изгледа ресторанот во Кенија.

Karaoke Privé

 

4

Богаташите кои сакаат да пеат, ќе можат со своите пријатели да се забавуваат во салата за караоке „Karaoke Privé“. Тие дури можат да си резервираат одделни соби и да се надпејуваат. Собите за караоке сеуште не се подготвени, но се очекува тоа да се случи наскоро.

The Club

5

Уште еден луксузен ноќен клуб. Тука може да бидат видени познати лица, како и популарни диџеи кои ги забавуваат гостите. Францускиот DJ Watermat пуштал музика на отворањето на локалот, кој се очекува да биде домаќин и на најразлични спортски, бизнис и модни настани.

Diamond Kalian

6

Тоа е концепт кој доаѓа директно од татковината на милијардерите, Монако. Локалот ќе има сопствена тераса, каде што гостите ќе можат да уживаат во Дубаи ноќе, додека пушат наргиле и пијат шампанско. Локалот во Дубаи се очекува да биде отворен оваа недела, а на сликата можете да видите како тоа изгледа во Монако.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top