| четврток, 6 декември 2018 |

Вилата на Ескобар сега е луксузен хотел: Ноќевање таму чини 450 евра, има подземна сауна и спортски терени

Повеќе од 10 години вилата која некогаш му припаѓала на познатиот нарко-бос Пабло Ескобар, зјаела празна се додека трговецот со уметнички дела Лео Ламка, не се решил тоа да го промени. Тој ја претворил во луксузен хотел со 5 ѕвезди, па сега го носи името „Каса Малка“ кој на гостите им нуди 35 луксузни апартмани.

Сместена на плажа во градот Тулум во Мексико, вилата Каса Малка е реновирана и изгледа извонредно.

Откако Ескобар си заминал од вилата, имотот бил запуштен, а од пред околу 4 години започнало неговот обновување. Имотот има приватна плажа од 180 метри, а внатре е опремен со персиски килими, мебел и уметнички дела на познати дизајнери и уметници.

– Го купив имотот бидејќи сметав дека е неверојатен. Не можев да верувам дека тој постои и оти не е во сопственост на некоја голема корпорација – вели Лио Малка, сопственикот на хотелот „Каса малка“, каде што ноќевањето чини 450 евра.

Освен луксузниот ентириер на апартманите, „Каса Малка“ на своите гости им нуди и подземна сауна, базени со морска вода, спортски терени како и храна прозиведена од локалните фармери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top