Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар попладнево ги соопштија датумите за екстерните испити од полагањето државна матура во јунскиот рок за учебната 2015/2016 година.
Мајчин јазик и литература матурантите ќе полагаат на 4 јуни, математика на 9 јуни, странски јазик на 13 јуни, а испитите по физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика ќе бидат на 15 јуни 2016.
Полагањето на сите испити ќе почнува во 10 часот.
МОН информира дека динамиката на реализирањето на екстерните испити во јунскиот ипитен рок е согласно со Концепцијата за државна матура и завршен испит. Прелиминарните резултати од екстерните испити на кандидатите ќе им бидат достапни најдоцна 30 дена од спроведувањето на последниот екстерен испит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.