Не поминаа ни 40 дена од убиството на пејачката Јелена Крсмановиќ, а нејзиниот маж Зоран и свекорот Владимир излегоа на пијалок, на сплав.
После 18 дена од мистериозното убиство на пејачката Јелена, нејзиниот сопруг излезе меѓу луѓе, со таткото, синот и ќерката. Фотографијата од тоа излегување се појави на Твитер и се рашири со брзина на светлоста.
Семејството Марјановиќ неделното попладне го мина на брегот на Дунав. Зоран видно нерасположен молчешкум палел цигари, додека таткото Владимир се обидувал да го орасположи, но не успеал.
Гостите на сплавот ги гледале со чудење, коментирајќи дека ваквото појавување во јавноста е прерано, додека други коментирале дека со тоа што излегле покажуваат дека немаат од што да се плашат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.