| четврток, 6 декември 2018 |

Едно дете и еден маж каснати од змија

Змии каснале едно осумгодишно дете во стручмичко село и еден 39-годишен маж во велешко село.

Во струмичко село осумгодишно дете налетало на влечугата додека си играло на ливада, а во велешката болница помош побарал и 39-годишен жител на Бузалково. За среќа и двајцата поминале без сериозни последици по здравјето.

Освен змиите, топлото време предизвика и  наезда од крлежи. Стотици граѓани изминатиот период побарале лекарска помош поради убод од овие инсекти. Вкупно 45 од нив биле во амбулантата на Инфективна клиника. Меѓу нив е и мало дете на кое крлежот му се закачил на уво.

-Апелираме граѓаните  да не ги вадат сами крлежите туку да побараат лекарска помош бидејќи симптомите на болест можат да се јават две до три недели по каснувањето – вели Марија Анастасова од Брза помош.

Лајмската болест е најчестата инфекција што ја пренесуваат крлежите.  Годинава не е регистриран ваков случај. За да се избегнат компликациите од убодите и на крлежи и на змии, лекарите ги советуваат граѓаните да бидат внимателни кога се движат во природа.

-Да носат соодветна облека, панталони и да се покриваат голите делови од телото бидејќи крлежите се во тревата – вели д-р Анастасова.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top