Министерството за култура на Република Македонија најостро го осудува синоќешниот вандалски чин со кој е оштетена фасадата на зградата на Министерството за култура, објект кој е изграден во 1927 година и кој претставува културно наследство заштитено со Закон.
„Во вчерашниот напад на таканаречените „борци за демократија“ од Граѓанското здружение „Протестирам“ е оштетена и скулптурата на македонскиот уметник Сашо Саздовски поставена на влезот во зградата на Министерството, а осквернавени се и знамињата на Република Македонија и на Европската унија. Се прашуваме, дали ваквиот насилен однос кон културните институции во земјава и кон културното наследство што го поседуваме како држава е алтернативата што ја нудат Граѓанското здружение „Протестирам“ и СДСМ за иднината на Македонија? Ваквиот одраз на примитивизам, немањето основно чувство за сопствената култура и држава и почит кон културно-историските споменици мора да бидат предмет на осуда на сите граѓани кои Република Македонија ја чувствуваат за своја татковина, како и на сите претставници на меѓународната заедница во Република Македонија кои се залагаат за почитување на културниот идентитет како една од темелните вредности на Европската унија“, се вели вo реакцијата на Министерството за култура испратенa до медиумите.
Министерството за култура бара од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, во најкус временски период да ги спроведе сите потребни мерки за пронаоѓање на виновниците на ваквиот нецивилизиран чин.
„Воедно ја информираме јавноста дека против овие лица согласно со Законот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, а за инцидентот детално ќе се информира и Канцеларијата на Европската унија во Скопје“, се вели во реакцијата на Министерството за култура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Васо Ристов е „момче за се“ во културата: Можно ли е четири високи функции да обавува истовремено?
-
Министерството за култура ќе распише нови огласи за поништените седум конкурси за директори
-
Новиот закон за култура ќе има контрола врз темите, идеите и пораките што ги праќаат творбите и филмовите
-
Министерот за култура Асаф Адеми не го гледал филмот на Бојаџи, но според “трилерот” проценил дека е навредлив за Албанците