Официјалната промоција на првата книга за мода во Македонија на модната новинарка Снежана Јаначкоска Богдановска – Сани е закажана за 20 април (среда) во 20,30 часот во МКЦ.
Книгата е со наслов „Моите стории- мојот живот ” и е дихотомна колекција на колумни и интервјува потикнати од модата, но и животните искуства на самата писателка.
Оваа книга е единствено аналитичко модно четиво кое претставува неизбежна литература за сите модни вљубеници.
На предпромоцијата која се одржа во рамките на овогодинешната Моден викенд Скопје Сани го претстави своето дело пред медиумите и своите пријатели , а оваа среда на отворен настан ги поканува сите оние кои би сакале да дознаат нешто повеќе за модата.
Како рецензент и промотор на книгата ќе се појави академскиот професор Ферид Мухиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ивана Кнез: Време е на модата да и го вратиме достоинството
-
Промоција на книгата „Конзерваторско-реставраторски методи и третмани на Охридската збирка икони“од Ангелина Поповска
-
Промоција на книга раскази за Ново маало од Владимир Плавевски
-
Промоција на книгата „Љубовта на Генерал Ш“ од Лира Бојку во Паркот на книгите