| четврток, 6 декември 2018 |

Пријател на убиената пејачка тврди: Зоран беше опседнат со Јелена

јел

Според зборовите на близок пријател на Јелена Крсмановиќ, нејзиниот сопруг ни еден момент не ја испуштал од вид, бидејќи бил опседнат со неа.

– Јелена покрај Зоран имаше ограничено движење. Се знаеше дека без него не смееше да оди никаде. Одеше со неа на сите снимања, на сите телевизиски гостувања и никогаш не се разделуваа. Јелена го прифати тоа бидејќи немаше друг избор. Едноставно се помири со тоа- открива пријателот на пејачката.

-Верувајте дека во очите ѝ се гледаше дека на некој начин се плаши. Никогаш не се спротивставуваше и секогаш се трудеше да му оди по кеиф бидејќи во спротивно цел ден беше нервозен. Баш беше љубоморен и посесивен- рекол соговорникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top