Фудбалерот на Ница, Хатем Бен Арфа, ќе биде едно од летните засилувања на шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид. Тој игра одлична сезона во дресот на Ница, и кон себе повторно ги сврте клубовите на големите европски клубови, а се чини дека прв загриза Диего Симеоне, кој сака да го види на „Висенте Калдерон“ во новиот шампионат. Бен Арфа би бил одлично решение како офанзивен играч за врска, а Симеоне сигурно ќе знае да го мотивира и од него да извлече максимумот.
Шпанските медиуми тврдат дека Атлетико Мадрид на Бен Арфа му понудил тригодишен договор со годишна заработка од 2 милиони евра.
Бен Арфа ја почна кариерата во Лион, потоа играше за Олимпик Марсеј, се пресели во Премиер – лигата во тимот на Њукасл, а една полусезона играше и како позајмен фудбалер во Хал сити. Од минатото лето се врати во Франција, и блесна во дресот на Ница. Оваа сезона постигна 16 гола и забележа четири асистенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.