Хатем Бен Арфа пред една и пол година пристигна во ПСЖ како еден од најдобрите фудбалери во францускиот шампионат, откако одигра одлична сезона 2015/2016 во дресот на Ница каде што постигна 18 погодоци на 37 натпревари.
Сепак, Бен Арфа денес практично е отпишан од ПСЖ, иако се уште е член на клубот. Тој имал несогласувања со тренерот Унаи Емери кој што воопшто не смета на неговите услуги. Без оглед на тоа што тој добро заработува во ПСЖ, сепак Бен Арфа признава дека е несреќен.
– Тоа низ што поминувам во ПСЖ е комплицирано и тешко. Буквално се чувствувам како да не постојам. Морате да научите да живеете со тоа, но ова ме прави тажен, изјави Бен Арфа.
Оваа сезона тој не одигра ниту еден натпревар за ПСЖ, а досега вкупно има одиграно 32 натпревари на кои што има постигнато четири погодоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.