| четврток, 6 декември 2018 |

Сефте продолженија за МЗТ Скопје и значаен триумф против Сплит

МЗТ Скопје за првпат одигра продолженија во Јадранската кошаркарска лига и за сефте славеше значајна победа од 93-84 против поранешниот двоен европски шампион Сплит, или некогашна Југопластика.

Во регуларниот дел по многу возбудувања беше нерешено 79-79, а гостите имаа шанса и да слават, но Суботиќ промаши тројка во последниот обид.

Во дополнителното време „металците“ одиграа одлично и славеа со 9 поени разлика. Во таборот на македонскиот првак најефикасни беа Гечевски со 19 поени и Чековски со 16, додека кај сплиќани Вукушиќ даде 23 поени, а Суботиќ го заврши мечот со 19 поени. Победата е прва за МЗТ Скопје во 2013 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top