Ракометната Федерација на Македонија вчера му изрече казна од три натпревари неиграње на Стојанче Стоилов поради инцидентот направен на дуелот меѓу Зомимак и Вардар што што се одигра минатата сабота во Струмица. Стоилов во финишот го турна судијата Тодоровски и беше исклучен, а настана и гужва на теренот.
Спортскиот портал „ЕКИПА“ најавува дека сепак тоа не е крај во „Случајот Стоилов“, бидејќи судиската двојка Димитар Митревски и Благојче Тодоровски поднела пријава и кривично ќе го гони македонскиот ракометен репрезентативец.
Тодоровски најавува дека ќе покрене и приватна тужба против Стоилов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.