| четврток, 6 декември 2018 |

Заев признава, целта е промена на името

zaev imetoВо неговите разговори со меѓународните претставници, Зоран Заев потврди дека бил цврсто уверен дека тие немале никаков договор со Никола Груевски.

Меѓународните претставници според Заев веќе немале сомнеж дека доколку Никола Груевски уште 20 години е премиер, немало да направи отстапки по прашањето за името.
-Но решение постои во делот на меѓународната употреба, само треба активитет од страна на македонската страна и кога почнаа сомневањата, опозицијата јас ја водам, ги викнав и Орав и Бејли, ги прашав. Ако има нешто договорено под маса, океј терајте со човекот, но чесно е да ни кажете. Одговорите беа негативни, рече Заев на 24 Вести.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top