
Шпанскиот весник „Спорт“ пред два дена излезе со информација дека девојка што е блиска роднина на хрватскиот ас Лука Модриќ е киднапирана и убиена во Салвадор, но фудбалерот тврди дека нема роднинска поврзаност со девојката.
– Сакам да се надоврзан на целата медиумска приказна и да бидам јасен – личноста што почина во Салвадор нема никаква роднинска врска со мене – гласи изјавата на Модриќ.
Фудбалерот на „кралскиот“ колектив се подготвува за настапот на ЕП 2016 со репрезентацијата на Хрватска. Останува нејасно како „Спорт“ дојде до информација дека убиената девојка е братучедка на Модриќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Момчето со волците на Велебит: Сензационални снимки од Лука Модриќ додека чувал кози, волците го следеле до дома (видео)
-
Лука Модриќ ја освои „Златната топка“
-
Има милиони, а фура телефон од 100 евра: Лука Модриќ шокираше да доделувањето на ФИФА наградите!
-
Модриќ може да замине во Интер: Перез ја соопшти цената


