| четврток, 6 декември 2018 |

Косовец му се заканувал на папата, добил седум месеци затвор

Самет Имиши, државјанин на Косово на возраст од 42 години е осуден на седум месеци затвор од страна на Судот во Косово.

1453725959_21

Тој беше уапсен на 1 декември лани во рамките на заедничка акција на италијанската и на косовската полиција.

Имиши е уапсен во местото Генерал Јанковиќ, кое е познато по големиот број радикални исламисти, пишува приштинскиот весник „Експрес“. Тој беше обвинет и за пропаганда за Исламска држава преку својот пофил на „Фејсбук“. Ова е прва одлука од ваков вид во Косово.

Во неговиот дом полицијата нашла оружје и директни врски меѓу него и активни џихадисти во Сирија, како и поврзаност со косовскиот „џелат“, Лавдрим Мухаџери.

При заедничката италијанско-косовска акција беа уапсени уште тројца Косовци, обвинети за тероризам и за поттикнување расна омраза.

Италијанските медиуми претходно јавија дека групата на Имиши, меѓу другото, упатувала закани и по животот на папата Франциск.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top