| четврток, 6 декември 2018 |

Папата бара казни за сексуалните злостатувачи на деца во црквата

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско го осуди сексуалното злоставување деца од страна на свештеници, како и прикривањето на овој криминал и побара одговорните да бидат казнети.

Папата Франциско побара прошка за болката на жртвите и оцени дека католиците треба да бидат вклучени во напорите за искоренување на сексуалното злоставување во Црквата.

Папата ја осуди свештеничката култура свртена кон себе, што резултира со злоупотреба и поголема загриженост меѓу црковните водачи за сопствената репутација отколку за безбедноста на децата.

– Ние не покажавме загриженост за најмладите, ги оставивме, оцени папата Франциско.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top