| четврток, 6 декември 2018 |

Зоран донесе одлука 15 месеци по смртта на Јелена

Иако истрагата за убиството на српската пејачка Јелена Марјановиќ се уште трае, а еден од осомничените беше и Зоран, тој собра храбтост да го направи пресудниот чекор и да ѝ се врати на музиката.

– Трагедијата што ме снајде ме скрши, но 15 месеци по смртта на Јелена, решив да ѝ се вратам на музиката. Ќе соработувам со Лепи Миќа на песна што заедно ја избравме.
Зоран минува низ агонија, а спасот го нашол во црквата.
– Верата ме спаси, црквата, консултациите со свештиниците, со монасите, признава тој и додава дека дава се од себе на ќеркичката Јана да ѝ пружи колку што може.
– Мајка ѝ ништо не може да ѝ ја замени, но се трудиме да биде колку што е можно посреќна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top