| четврток, 6 декември 2018 |

Сензација: Новак Ѓоковиќ елиминиран во 2. коло!

Во второто коло на мастерс турнирот во Монте Карло се случи најголемата сензација, откако Чехот Јиржи Весели го елиминира Новаќ Ѓоковиќ со 1:2 (4:6, 6:2, 4:6)!

13.04novak1

Денеска на Ѓоковиќ ништо не му одеше од рака и уште во првиот сет се виде дека Весели може да направи сензација, откако го доби истиот со 6:4. Во вториот сет Србинот се врати и го доби со 6:2.

Сепак, на стартот на третиот сет Весели направи брејк, Ѓоковиќ му возврати но Чехот направи уште еден брејк кој го зачува до крај и направи вистинска сензација во Монте Карло.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top