| четврток, 6 декември 2018 |

Средба на Владимир Плавевески со читателите на Саемот на книга

Денес (среда, 13.04.2016), од 12,00 до 14,00 часот, на штандот на Македоника литера на Саемот на книгата во Скопје, средба со читателите ќе има македонскиот писател Владимир Плавевски, кој ќе ги потпишува своите книги, меѓу кои и историскиот роман „Комита“, кој неодамна го објави Македоника литера.

Утре (четврток), од 12,00 до 14,00 часот, гостин на штандот на Македоника литера ќе биде Волф Ошлис од Германија – македонист, публицист, преведувач и политички аналитичар. Проф. д-р Волф Ошлис на штандот на Македоника ќе ја потпишува својата книга „Гермакедонија (студии за македонско-германската заемност низ вековите)“, која ја објави Македоника, а за која авторот е награден со државната награда за публицистика „Мито Хаџи Василев Јасмин“. Проф. д-р Ошлис е автор и на преводот на германски јазик на книгата на Крсте Петков Мисирков „За македонцките работи“, исто така издание на Македоника.

Во петок, од 11,00 до 13,00 часот, на штандот на Македоника литера средба со читателите ќе има македонскиот писател за деца Киро Донев, кој притоа ќе ги потпишува своите книги. Македоника литера е издавач на шест книги за деца на Киро Донев, меѓу кои и најновите „Училишен театар“ (пиески) и „Јамболија што лае“ (роман).

На 16 април (сабота), во 12,00 часот, на штандот на Македоника литера ќе биде промовирана книгата за деца „Приказни од скопскиот парк“ на Ана Багрјана од Украина – писател и преведувач, во присуство на авторката. Книгата, која од печат излезе спроти годинашниот саем на книгата, е илустрирана од самата авторка, а содржи раскази за деца напишани за време на неодамнешното привремено живеење на авторката во Скопје. Таа е и книжевен преведувач и досега на украински јазик превела неколку дела од македонски автори.

Инаку, на штандот на Македоника литера се продаваат над триста изданија, меѓу кои и педесетина книги објавени меѓу двата саема. Сите изданија се продаваат со саемски попуст, а постарите изданија и со попуст до 66 отсто.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top