Издавачките куќи „Икона“ и „Шкупи“ ја организираат манифестацијата „Денови на канадската литература во Македонија”, која почнува од петок, 26 април и ќе трае до недела во Скопје, а ќе ја отвори амбасадорот на Канада, Роман Вашчук. Во Скопје гости ќе бидат канадскиот писател и професор Дејвид Чаранди и веќе добро познатата авторка во Македонија, Криста В. Јохансен.
Модератори на програмата ќе бидат Елизабета Шелева, Луан Старова, Фадил Цури и Александар Прокопиев кои ќе презентираат литературни дела на двајца канадски автори. На 26, 27 и 28 април, Криста Јохансен и Дејвид Чаранди ќе одржат уште неколку други промотивни настани, вклучувајќи и универзитетско предавање, промоции и потпишување на книги на локации во библиотеката „Кочо Рацин”, Универзитетот „Свети Кирил и Методиј”, книжарниците „Стара Чаршија“ и „Икона“ во Сити Мол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.