| четврток, 6 декември 2018 |

Хан: Не можам да го прогнозирам резултатот од изборите на 5 јуни

хан

Не можам да го предвидам исходот од изборите и начинот на кој ќе бидат спроведени, бидејќи тоа ќе се случи за два месеци, вели еврокомесарот Јоханес Хан во интервју за дописникот на Радио Слободна Европа, Рикард Јозвиак.

-Но, има многу меѓународни набљудувачи, почнувајќи од ОДИХР, Европскиот парламент ќе има своја делегација на терен и многу други меѓународни организации. Тоа зависи од крајната оценка, вели Хан.

Хан вели дека сега кога Парламентот е распуштен, изборите ќе се одржат, но неопходно и важно е овие избори да бидат спроведени на начин на кој ќе бидат признаени од меѓународната заедница.

-Во спротивно, земјата нема да има евроатлантска перспектива и тоа беше сеопфатната цел на нашите активности и напори кои беа прифатени во договорот јуни/јули минатата година. Ако сега се е коригирано или неимплементирано, тоа е против интересот на граѓаните на земјата и политичките лидери треба да сфатат дека тоа ѝ штети на целата перспектива на земјата и дека ризикуваат да бидат ставени во изолација, вели Хан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top