| четврток, 6 декември 2018 |

Тајната диета на Кејт Мидлтон

За време на својата посета во Индија, војвотката од Кембриџ, од еден индиски професор беше запрашана, како ја вратила својата витка линија по породувањето.

Одговорот не е диета или пак посебен фитнес режим.

-Трчам по своите деца, кратко и јасно вели таа.

kejt249

Што се однесува до прашањето како постојано успева да биде насмеана со луѓето кои ги запознава, Мидлтон возвраќа со уште поискрен одговор.

-Јас само одговарам со реципроцитет. Сите се толку топли со мене!

Кејт и Вилијам во моментот се во официјална посета на Индија каде што присуствуваат на најразлични активности од јавен карактер, како и на гала вечери со индиската елита.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top